8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Зборот е збор: Ова е најновиот потег на премиерот Зоран Заев

По една година откако вети дека ќе ја тргне оградата околу Владата, со доаѓањето на власт, премиерот Зоран Заев денеска повтори дека не отстапува од намерата и дека веќе дал насоки на службите за целосно симнување на оградата.

„Владата е целосно отворена, министрите постојано имаат контакт со граѓаните, внимаваме на безбедносните мерки. Оградите се симнати со нашето доаѓање на власт, но очекувам и целосно отстранување на оградата околу зградата на Владата“, рече тој.

Во однос на ветувањето за поставување на бројчаник за враќање на парите кај граѓаните на Триумфалната капија, Заев вели дека дека очекува тоа да се реализира за многу скоро време, бидејќи е почната постапката во институциите.