16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вчера седум сообраќајки во Скопје

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно седум сообраќајни незгоди од кои три со лесни телесни повреди и четири со материјална штета.

Во сообраќајните незгоди осум лица се здобиле со лесни телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 68 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 20 возачи од кои: 10 возачи кои управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило, двајца возачи затоа што биле возачи-почетници и осум возачи поради сторени останати сообраќајни прекршоци.

Исто така исклучени од сообраќај се и 36 возила поради истечена важност на сообраќајната дозвола и две возила поради техничка неисправност. Во текот на изминатиот ден издадени се 201 мандатни платни налози, додека 62 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.

Спонзорирано: