3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пукање во Скопје – се слушаа истрели од автоматско оружје

Дваесет и деветгодишен маж (И.С.) од Мојанци, Скопско, пријавил дека додека излегувал од дворот со автомобилот, го пресретнал неговиот братучед (Е.С.), кој му наредил да го запре возилото и вперил автоматска пушка кон него.

„И.С. се исплашил и го стартувал возилото во коешто бил и неговиот 17-годишен брат , а веднаш откако го одминал, слушнал како Е.С. испукал неколку куршуми. Од истрелите нема повредени лица и не била забележана материјална штета на возилото. Најверојатно причина за пукањето, според првични сознанија, е тоа што И.С. пријавил дека на 28.5.2018 година Е.С. физички го нападнал. На местото на настанот бил извршен увид и пронајдени и подигнати биле две чаури од автоматска пушка. Се работи на целосно расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Спонзорирано: