22.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Со рачен ракетен фрлач повреден македонски војник – итно пренесен во болница

На 28.05.2018 година околу 12,10 часот од страна на Воена полиција при Министерството за одбрана во Полициската станица Неготино било пријавено дека истиот ден околу 12,00 часот при изведување на воена вежба за боево гаѓање со рачен ракетен фрлач се повредил 35- годишен професионален војник од Скопје.

Со возило на Итната медицинска помош тој бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. За настанот запознат бил Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од Полициската станица Неготино и припадници од Воената полиција при Министерството за одбрана.

Спонзорирано: