9.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Два воза се забија во бетонски столб – полицијата излезе со детали за несреќата

На 28.05.2018 година во 17,05 часот било пријавено дека во близина на Железничката станица-Смоквица патнички воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје, наишол и удрил во поставен предмет на пруга (бетонско столбче).

Притоа, од ударот била предизвикана материјална штета (оштетување на предниот дел на возот), а возот го продолжил патувањето до Скопје.

Истиот ден околу 19,45 часот на истото место и товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје, наишол и удрил на поставени предмети на пруга, а возот го продолжил патувањето без оштетувања. Во двата настани нема повредени патници.

Спонзорирано: