20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Следува уште еден продолжен викенд: Петок е следниот неработен ден за сите граѓани

За граѓаните доаѓа нов неработен петок, со што следува уште еден продолжен викенд.

Следниот неработен ден е петок, 15-ти јуни, кој е прв ден на Рамазан Бајрам а ќе биде неработен за сите граѓани.

Ова се сите неработни денови кои преостануваат до крајот на годината:

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија во 2018 година неработни денови се:

За сите граѓани на РМ

• 15 јуни (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
• 02 август (четврток), Ден на Републиката
• 8 септември (сабота), Ден на независноста

• 11 октомври (четврток), Ден на народното востание,
• 23 октомври (вторник), Ден на Македонската Револуционерна Борба,
• 8 декември (сабота), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед

• 28 август (вторник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

• 01 ноември (четврток), Празникот на сите светци
• 25 декември (вторник), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 21 август (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (четврток), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

• 19 септември (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

• 28 септември (петок), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

• 21 декември (петок), Ден на настава на турски јазик