8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Објавена топ-листа на градови во кои најдобро се заработува

Мапирањето на светските цени на годишно ниво е извештај на „Дојче банк“ во кој се споредуваат трошоците за стоки и услуги во големите градови низ целиот свет и се анализира животниот стандард на граѓаните – од просечната цена на кирија до онаа на една кутија цигари.

Врз основа на овие анализи, „Бизнис инсајдер“ сега објави листа на топ 28 градови во кои се заработуваaт најмногу пари.

Еден од факторите за извлекување на заклучоците била просечната нето-плата како показател за нивото на богатство во одреден град. Општо земено, градовите на врвот од оваа листа се финансиски центри како Лондон, Њујорк и Франкфурт, каде што трошоците за живот се повисоки, а како резултат на тоа, повисоки се и платите.

Исто така, што се однесува до географската локација, најдобро котираат градовите од северната хемисфера, односно од развиените западни земји, но листата дава надеж и за јужната хемисфера, со градови како Мелбурн и Велингтон во Нов Зеланд.

Градот со највисока просечна месечна нето-плата е швајцарскиот Цирих, со 5 764 американски долари. Во продолжение, погледнете ја целата листа:

1. Цирих, Швајцарија – 5 764 долари
2. Сан Франциско, САД – 4 974 долари
3. Њујорк, САД – 4 115 долари
4. Сиднеј, Австралија – 3 914 долари
5. Бостон, САД – 3 740 долари
6. Осло, Норвешка – 3 664 долари
7. Чикаго, САД – 3 650 долари
8. Копенхаген, Данска – 3 462 долари
9. Дубаи, ОАЕ – 3 447 долари
10. Франкфурт, Германија – 3 389 долари
11. Лондон, Обединето Кралство – 3 381 долари
12. Мелбурн, Австралија – 3 263 долари
13. Сингапур – 3 099 долари
14. Амстердам, Холандија – 3 058 долари
15. Токио, Јапонија – 3 004 долари
16. Стокхолм, Шведска – 2 999 долари
17. Хелсинки, Финска – 2 988 долари
18. Велингтон, Нов Зеланд – 2 946 долари
19. Париз, Франција – 2 886 долари
20. Даблин, Ирска – 2 762 долари
21. Окленд, Нов Зеланд – 2 723 долари
22. Единбург, Велика Британија – 2 565 долари
23. Хонг Конг, Хонг Конг – 2 550 долари
24. Торонто, Канада – 2 519 долари
25. Берлин, Германија – 2 482 долари
26. Брисел, Белгија – 2 480 долари
27. Ванкувер, Канада – 2 458 долари
28. Виена, Австрија – 2 425 долари