15.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Нова прогноза: Еве што прогнозираат синоптичарите за наредниве денови

Во следните денови ќе преовладува претежно стабилно и потопло време, во попладневните часови ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи, особено во јужните делови.

Утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер.

Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 7. Дневната температура ќе се движи од 20 и 30 степени.