17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Змија каснала девојка додека спиела во шатор

Млада 24-годишна камперка од Хрватска нема по добро да го памти престојот во паркот Мусапстан кај Задар.

Имено, саботата рано наутро, додека спиела во шатор, ја каснала змија.

Веднаш се пробудила и ја видела змијата. Потоа во Општата болница во Задар побарала лекарска помош, пишува Задарски лист.

– Пациентката е задржана тука, но е добро. Има само знаци на локално воспаление, односно инфекција на кожата, па не прими серум. Лекараката која во саботата ја примила проценила дека не станува збор за отровница или при каснувањето змијата не вбризгала отров, рекле во Инфективното одделение каде овој случај е забележан како прво каснување од змија оваа година.