13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев-Орјан: Зголемен интересот на израелските компании за инвестирање во Македонија

Пријателските односи меѓу двете земји се зацврстуваат преку безбедносната и економската соработка. Ваков е заклучокот од средбата што денеска ја остварија премиерот Зоран Заев и амбасадорот на Израел во Македонија, Дан Орјан, придружуван од почесниот конзул Градимир Шумковски.

Премиерот и амбасадорот, во рамки на средбата, изразија сериозна подготвеност во претстојниот период осoбeно внимание да биде посветено на интензивирањето на соработката во областа на безбедноста, новите технологии, енергетиката, земјоделството и управувањето со водите, како и во областа на здравството и туризмот.

Двајцата соговорници ја констатираа зголемената заинтересираност на израелските компании за инвестирање во Македонија, а премиерот посебно го истакна искуството на Израел во областа на технолошкиот развој и иновациите, искуството на стартап компаниите кои отвораат големи можности за отворање нови работни места за граѓаните.

Амбасадорот Орјан се заблагодари за грижата на Македонија за еврејската заедница и за поддршката на многу проекти наменети за заштита на еврејската култура и традиција во земјата.

Беше истакнато одбележувањето на 75-годишнината од холокаустот на македонските Евреи во Втората светска војна со активности во Битола, Штип и Скопје, каде, покрај претставници на Владата, присуствуваа и бугарскиот премиер Бојко Борисов и претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, со нивни делегации.

На состанокот беше спомената и успешната реализација на Хакатон-Биталонот, кој во Битола, на иницијатива на израелскиот амбасадот Орјан, а во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација, беше организиран со цел преку иновативни решениија на младите да се раскаже една значајна историска приказна за Македонија и Битола.

Спонзорирано: