25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Странски новинари стигнаа за уништувањето на нуклеарниот полигон во Северна Кореја

Мала група странски новинари денеска пристигна во Северна Кореја за да го следат уништувањето на полигонот за нуклеарни тестирања на оваа земја, кое треба да биде објавено подоцна оваа недела.

Како што се наведува, во оваа група новинари ги нема осумтемина претставници на медиумите од Јужна Кореја, чие учество беше првично планирано, но сепак се изоставени затоа што Пјонгјанг ги прекина контактите на високо ниво во Сеул, како протест поради вежбите на јужнокорејската и американската војска.

На настанот се поканети новинари од САД, Русија, Кина и Велика Британија.