8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

До четврток нестабилно со врнежи, а еве какво ќе биде времето потоа

Времето утре ќе биде променливо облачно попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 7. Дневната температура ќе се движи до 17 до 30 степени.

До четврток ќе се задржи променливо облачно време, претежно во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи.

Во среда и четврток се очекуваат поинтензивни процеси, особено во западните и северните делови.

Во петок и сабота ќе има појава на повремен локален дожд.