20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Русинка буквално го сфатила изразот „all inclusive“ во хотел со пет ѕвезди (Видео)

Турската агенција IHA објави видео кое го направил вработен во еден хотел со пет ѕвезди во населбата Гојунк, во дистриктот Кемер, провинција Анталија.

Видеото прикажува Русинка и нејзините две деца кои управата ги обвинила за кражба на имот на хотелот.

Овие туристи очигледно буквално ја сфатиле услугата „all inclusive“ и се обиделе да изнесат буквално се што можеле да понесат од собата – сет садови, крпи, шампони, тоалет хартија, полна торба овошје, чај, кафе, слатки…

„Имам две деца, а ние јадеме овошје, слатки, и онака сето тоа го плативме… А кога јадеме, мораме да ги избришеме рацете со нешто. Садовите? Па, ги користевме покрај базенот, а потоа ги измив и ги подготвив да се најдат“, објаснила Русинката.