25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Претепан познатиот градоначалник: Го нашле и почнале да удираат врз него, итно е пренесен во болница

Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, бил хоспитализиран откако бил нападнат од националистички екстремисти кои му нанеле повреди во пределот на главата, рацете и нозете.

Претседателката на градското собрание, Калипсо Гула, рекла дека Бутарис присуствувал на комеморацијата за таканаречениот „Понтски геноцид“ – убиства на етнички Грци извршени од страна на Турците за време на Првата светска војна и грчко-турската војна што следела потоа.

Гула објаснила дека повеќе од десет луѓе му пристапиле на 75-годишниот Бутарис и му рекле да го напушти настанот, а потоа го нападнале со шишиња. Бутарис е познат по својот силен анти-националистички став.

Според Гула, градоначалникот паднал и добил повеќе удари во пределот на главата и нозете. Таа додала дека насобраните им свиреле на присутните политичари за време црковната богослужба која му претходела на настанот.