25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: На државата ѝ се случува економско цунами

Република Македонија на чело со СДСМ е пред економски колапс, се наведува во соопштение на опозициската партија, ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму сметаат дека граѓаните живеат се потешко, а, како што велат, СДСМ им порачува на сиромашните дека повисоките акцизи секако немале да ги погодат бидејќи тие и онака не возеле.

„Економијата стагнира, правната држава е деградирана, институциите се злоупотребуваат. Стопанството е во слободен пад. Моторот на македонската економија, градежништвото, ги преживува најтешките денови“, се наведува во партиското соопштение.

Од партијата изнесуваат податоци на Државниот завод за статистика, во периодот јануари – март 2018 година, според кои вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 775 469 илјади денари, што е за 61.1 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.

„Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 281 136 илјади денари, што е за 12.5 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Во време кога цела Европа и регионот бележат стапки на раст, само Република Македонија тапка во место“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека на државата и се случува катастрофа во режија на економското цунами, Заев – Тевдовски – Анѓушев.