18.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Се преврти Цитроен полн со матуранти – тешка сообраќајна несреќа се случи во Нови Сад

Во сообраќајна несреќа денеска околу 14:20 часот во Нови Сад автомобил излетал од патот и се превртел на кров, а двајца 19-годишници се повредени и превезени на Ургентниот центар.

Според зборовите на портпаролот на Брзата помош, едно момче се здобило со повреди на главата, вратот и градниот кош, а другото со повреди на грбот.

Двајцата со возило на Брза помош се превезени во Ургентнен центар на преглед.

Се претпоставува дека возачот на „цитроенот“ од некоја причина изгубил контрола над возилото, поради што излетал од патот и се превртел на кров.