17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Овие намирници ги консумирате секојдневно, а не сте ни свесни дека го уништуваат пенисот

Машкото здравје зависи од доброто функционирање на тестостеронот, а на него неповолно влијае индустриската храна, опиодите, па и популарните газирани пијалаци.

Сè се сведува на тесторетонот. Ако се поремети неговата функција, тоа ќе се одрази и на функцијата на машкиот „алат“. Исхраната е особено важна, а оваа храна и тоа како може да му штети на вашиот пенис.

1. Газирани пијалаци – го намалуваат бројот на сперматозоиди

Мажите кои пиеле околу две лименки кола на ден имале 30 отсто помалку сперматозоиди отколку оние кои не пиеле толку газирани сокови. Иако тој број сперматозоиди во нив и натаму бил во нормален распон кој го одредила Светската здравствена организација, сеедно тоа значи дека се под поголем ризик од неплодност.

2. Преработено месо – го намалуваат бројот на сперматозоиди

Поврзаноста помеѓу преработеното месо и лошата сперма е утврдена во студија од 2013 година. Но, мажите кои јаделе повеќе темна риба – туна и лосос, имале подобар број сперматозоиди.

3. Соја – го намалува бројот на сперматозоиди

Помал број сперматозоиди е утврден кај мажите кои редовно јадат соини производи – млеко и тофу. Иако станува збор за мала студија, истражувачите велат дека поврзаност сепак постои.

4. Шеќер – го намалува нивото на тестостерон

Шеќерот ја пореметува работата на тестостеронот па подобро е да го ограничите. Внимавајте на невидливите додатоци како слатките сокови, шеќер во кафето и слично.

5. Рафинирани житарици – ве прават поспани и предизвикуваат затвор

Храната преполна со преработени јаглехидрати го повишува нивото на триптофан, хормон од кој ви се спие па пред „акција“ не се препорачуваат јадења од бели тестенини. Исто така, предизвикуваат проблеми со варењето.

6. Алкохол – предизвикува потешкоти со ерекцијата

Алкохолот влијае на циркулацијата на крв околу пенисот поради што се јавуваат проблеми со ерекцијата.

7. Марихуана – привремено го намалува нивото на тестостерон, потенцијално го намалува бројот на сперматозоиди, може да предизвика еректилна дисфункција

Контрадикторни се сознанијата од истражувањата кои ги поврзуваат машкото здравје и марихуаната. Студија од 2015 година утврдила дека марихуаната го намалува бројот на сперматозоиди за третина ако мажите ја земаат повеќе од еднаш неделно. Исто така, потешко е да воспоставите ерекција ако сте под дејство на марихуана.