8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Во двор пронашле закопан сеф полн со пари и злато (Видео)

Детскиот сон за пронаоѓање скриено богатство се остварил за еден пар од Њујорк кога во градината од својата куќа пронашле метален сеф полн со злато, дијаманти и пари.

Испаднало дека вкупно 52.000 долари кои ги нашле закопани всушност припаѓаат на нивните соседи кои биле ограбени пред седум години.

Богатството во дворот Метју и Марија Емануел го нашле кога изнајмиле работници да им посадат нови дрва. До тогаш живееле во куќата веќе четири години потполно несвесни што крие нивниот двор.

Дури кога елен ги изел остатоците од старото дрво ја забележале кутијата.

-Не сфативме дека станува збор за сеф, мислевме дека внатре има некои кабли од струја, објаснува Метју.

Работниците ја извлекле кутијата, а внатре биле пронајдени златни прстени, вклучувајќи и вереничк прстен, банкноти од по 100 долари полускапоцени камења.

Семејството веднаш ги вратило парите на вистинските сопственици, нивните соседи.