По понудената гаранција во недвижен имот, судот ја укина мерката притвор за Оливер Поповски, поврзан со настаните од 27 април во Собранието.
Основниот суд Скопје 1 Скопје соопшти дека заради обезбедување присуство во текот на постапката, на обвинетиот му се определуваат мерки за претпазливост.
Поповски ќе има обврска да се јавува еднаш неделно на одговорно службено лице во судот, а како мерка на претпазливост е и привременото одземање на патната и други исправи за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.