5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев: Ќе најдам време да се видам со Мицкоски

Премиерот Зоран Заев рече дека ќе најде време да се сретне со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој рече дека вчера контактирал со него доцна во ноќта и дека е можно уште денеска да се сретнат.

Заев рече дека вчера не можело да има лидерска средба затоа што министерот за надворешни работи, Никола Димитров, бил во Холандија. Тој уште вчера се обидел да го контактира Мицкоски, но, веројатно, како што рече, поради презафатеност, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не му одговорил.

„Разговаравме доцна во ноќта, можно е и денеска да се сретнеме, спремен сум да споделам сè со опозицијата. Можно е и пред самитот во Софија да се видиме. Јас ќе најдам време да се видиме“, рече Заев.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, пак, денеска рече дека трет ден има молк од Владата и премиерот Заев на повикот за итна лидерска средба на која ќе се разговара за деталите и тековите на најважното прашање за граѓаните на Република Македонија, прашањето за името.