12.8 C
Скопје
11. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Честитка од претседателот Иванов по повод почетокот на рамазанските пости

Претседателот Ѓорге Иванов по повод почетокот на рамазанските пости упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница во земјата, реис-ул-улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи, до членовите на Ријасетот и до сите припадници на исламската вероисповед во Република Македонија.

„Во исламот рамазан е светиот месец, тоа е месец на молитва, добрина, простување, милосрдие и љубов. За време на рамазан се слават духовното воздигнување и телесното прочистување. Деновите на пост се можност за секој верник да го отвори своето срце кон великодушноста и хуманоста помагајќи им на сиромашните и изнемоштените и молејќи се за простување на своите гревови“, се вели во честитката на Иванов.

Претседателот порачува празникот да биде поттик за меѓусебно помагање и почитување бидејќи само заедно, почитувајќи ги разликите, ќе успееме да изградиме посветла иднина за сите граѓани во земјата.

„Во духот на празникот Ви посакувам лесни рамазански пости. На сите припадници на исламската вероисповед во земјата им посакувам мир, благосостојба, љубов и проштавање“, вели Иванов во честитката.