10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Граѓаните на Република Македонија ја избраа ЕУ – „Сметајте на нас“, им порача Заев на членките на Унијата

На денешното одбележување на денот на Европа во Штип, премиерот Зоран Заев им порача на членките на ЕУ:„Сметајте на нас“.

„Новиот циклус на преговори кој започна на Европската унија со Западен Балкан, најавен од претседателот на Европската Комисја, Јункер е уште еден историски чекор на Европа, кој ќе ја направи унијата уште поголем економски и политички играч на светската сцена. Оттаму, кога велиме дека Европската унија е велиме и дека тоа е избор на економски посилна Европа. Избор за поправедна и побезбедна Европа, која ни припаѓа на нас, на сите нас, рече Заев.

Амбасадорот на ЕУ во Р.Македонија, Самуел Жбогар, кој се обрати на македонски јазик истакна дека славењето на овој 9 мај Денот на Европа е посебен, бидејќи се слави во знакот на пресвртницата, која се случи во Македонија, а која што како што рече од земја, која назадува стана земја, која се движи кон вистинскиот правец.

„Тоа го потврдува и неодамнешната изјава на претседателот, Туск дека вербата на Европската унија во целиот регион се обнови благодарение на вашите напори за спроведување на реформи за градење на едно општество за сите, за градење консензус околу националните прашања за јанење на односите со соседите и заедно со Европска унија за справување со предизвикот на миграција“, рече Жбогар.

Од мит стана реалност приклучувањето кон големото европско семејство, преку добивање на чистата препорака за почеток на преговорите за членство, рече штипскиот градоначалник.

Свечено беше отворен и паркот на Европската унија, каде што во текот на целиот ден членките на Европската унија ќе се промовираат, а граѓаните ќе имаат можност да бидат дел од низа уметнички и спортски настани.