22.8 C
Скопје
23. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Северна Кореја со eксплозив ќе го уништува нуклеарниот полигон

Официјален Пјонгјанг соопшти дека до крајот на месецов ќе одржи церемонијално гаснење и уништување на полигонот за нуклеарно тестирање, пренсуваат светските медиуми.

Во зависност од временските услови, уништувањето на полигонот ќе биде спроведено меѓу 23 и 25 мај со цел одржување на ветувањето дека Северот ќе ги прекине нуклеарните тестирања.

Според информациите, планирано е тој настан да биде симболичен и драматичен, со што ќе биде поставен темел за состанокот меѓу севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и американскиот претседател Доналд Трамп, кој е закажан за 12 јуни во Сингапур.

Сите тунели на полигонот за нуклеарно тестирање ќе бидат уништени со експлозив, а ќе бидат отстранети и сите набљудувачки и истражувачки објекти, како икопнени единици, соопшти севернокорејското министерство за надворешни работи.