17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Правосудниот систем е под целосна контрола на власта

Правосудниот систем е под целосна контрола на власта, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение испратено до јавноста.

„Зоран Заев се стави над правосудниот систем и најавува судски пресуди, иницирани преку својата продолжена рака за прогон СЈО, уште пред тие да бидат донесени. Ова е апсолутен доказ дека правосудството е под целосна контрола на картелот и игра по нотите на Зоран Заев. Ова е втор пат како Заев најавува, а правосудните органи извршуваат. Заев уште во февруари 2016 година од партиски митинг на СДСМ најави дека СЈО ќе почне со истраги и притвори против неговите политички противници. СЈО испорача, а сега Заев најавува пресуди, уште пред да бидат завршени рочиштата“, смета ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата додава дека граѓаните деновиве виделе и колку чини едно политичко нарачано обвинение.

„Зоран Заев ја предложи сестрата на Катица Јанева, за потпретседател на Комисијата за хартии од вредност. Зоран Заев, кој е премиер на државата и кој според функција не смее да има допир со судскиот систем, го најавува идното делување на судот. Ова е преседан во европски рамки. Заев покажува дека Република Македонија нема независно судство, Заев докажа дека правосудниот систем е целосно зависен од него лично“; се вели во соопшението на ВМРО-ДПМНЕ.