12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вучиќ потврди дека ќе присуствува на средбата ЕУ-Западен Балкан во Софија

Српскиот претседател, Александар Вучиќ официјално потврди дека ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан на 17-ти мај, во Софија.

Претседателот телефонски разговарал со бугарскиот премиер Бојко Борисов за интеграцијата на Србија, во пресрет на состаокот во Софија, пренесуваат српските медиуми.

Во рамки на разговорите, Вучиќ истакнал дека Србија ќе продолжи да придонесува за стабилизирање на Западен Балкан, особено во односите помеѓу Белград и Приштина, со цел да се намалат тензиите по неодамнешните настани во северно Косово.