16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Богдановиќ: Советникот од ВМРО-ДПМНЕ измислува лаги дека ПОЦ не плаќало комунална такса

Од Општина Центар ја демантираат изјавата на советникот од ВМРО ДПМНЕ, Зоран Поповски, дека Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“ – Скопје не врши уплата на комуналната такса на сметка на буџетот на Општината, која изнесува 6,3 милиони денари или околу 100 илјади евра.

„ЈП ‘Паркинзи на Општина Центар’ годинава веќе започна со исплаќање на комуналните такси, кои ќе бидат намирени во најкус рок. Во изминатите години претпријатието не беше во можност да ги отплаќа таксите поради намирување на долговите наследени од претходното раководство на ЈП ПОЦ и лошата соработка со тогашното Министерство за внатрешни работи, кои го водеа луѓе на ВМРО-ДПМНЕ и кои одбиваа да соработуваат и да одговорат на барањата на ЈП ПОЦ потребни за негово непречено работење, а не како што наведува Поповски дека ПОЦ работи со финансиска загуба, што било основ за недомаќинско работење“, се наведува во соопштението на Општина Центар.

Пред 5 години ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, како што велат од Општината, беше претпријатие со проблеми и долгови.

„Се гордеам што успеавме да го направиме стабилно претпријатие, кое успешно си ги сервисира обврските. Повеќе од јасна е намерата на опозицијата што изјавува лаги и тенденциозно сака им да нанесе штета на мојот углед и на угледот на претпријатието преку објавување неточни информации. ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја манипулира јавноста со лажни вести“, вели градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.

Спонзорирано: