9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Полицијата влезе во домот на Х.Ф.

На 08.05.2018 година во 18,00 часот по претходно издадена наредба од Основен суд Тетово од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово бил извршен претрес во домот и помошните простории кај лицето Х.Ф. (32) од Тетово при што биле пронајдени и со потврда за привремено одземени предмети биле одземени: девет куршуми калибар 6,35мм, два мобилни телефони, една најлон ќеса со марихуана која била пронајдена во патничко моторно возило комбе „Дукато“ со тетовски регистерски таблици, електронска вага, шест најлон ќеси со марихуана кои биле пронајдени во патничко моторно возило „Голф“ со тетовски регистерски таблици и 33.000 денари.

Лицето било приведено и задржано во полициска станица за понатамошна постапка.

Спонзорирано: