18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Меркел: Европа ќе стори сè за да го зачува нуклеарниот договор со Иран

Германија, Франција и Велика Британија ќе сторат сè за да осигурат дека Иран ќе остане дел од клучниот нуклеарен договор од 2015 година, вети германската канцеларка Ангела Меркел.

„Ние ќе продолжиме да го почитуваме овој договор и ќе сториме сè за да се осигуриме дека Иран ќе ги исполни своите обврски“, рече Меркел додавајќи дека Берлин ја донел одлуката заедно со Париз и Лондон.

Во меѓувреме, од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) потврдија дека Иран ги спроведува обврските поврзани со нуклеарната енергија во рамките на договорот со светските сили. Јукаи Амано, генерален директор на МААЕ, рече дека Иран е предмет на најтешкиот режим за нуклеарна контрола во светот и дека договорот од 2015 година е значаен. Американскиот претседател Доналд Трамп го објави повлекувањето на САД од договорот во вторникот.