25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Главниот обвинител на Њујорк поднесе оставка поради обвинувања за насилство врз жени

Главниот јавен обвинител на американската држава Њујорк, Ерик Шнајдерман, поднесе оставка неколку часа по објавувањето на сведочењето на неговите поранешни партнерки, кои го обвинуваат за насилство.

Шнајдерман ги отфрли обвинувањата, но навел дека тие го спречувале да ја извршува функцијата обвинител.

„Овие обвинувања, иако не се врзани за професионалните активности, ќе ме спречуваат да го водат обвинителството во овој критичен момент“, се наведува во неговото соопштение. Оставката стапува на сила денеска вечер.

Весникот „Њујоркер“ објави изјави од четири жени кои тврдат дека Шнајдерман физички ги нападнал во минатото, поточно им удрил шлаканица, ги давел и вербално ги напаѓал.

Шнајдерман, кој е демократ и критичар на американскиот претседател Доналд Трамп, го поддржа движењето „И јас против сексуалното вознемирување“.