23.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп и Меј го разгледуваа нуклеарниот договор преку телефон

Американскиот претседател, Доналд Трамп, телефонски разговараше со британската премиерка, Тереза Меј за иранскиот нуклеарн договор, прeд посетата на министерот за надворешни работи на Велика Британија, Борис Џонсон во Вашингтон.

Официјално, Трамп ќе ја соопшти својата позиција за договорот на 12-ти мај, а според аналитичарите се уште не исклучена можноста американскиот претседател да пронајде начин, САД да останат дел од договорот.

Денеска, иранскиот претседател Хасан Рохани предупреди дека доколку САД се повлечат, ќе зажалат како никогаш досега во историјата.