18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Oграбeн 91 годишен старец, го пресретнале две жени кои му нуделе да купи накит

Деведесет и еден годишниот Д.А. пријавил дека во село Катланово додека се движел кон неговата викенд куќа на стариот пат кон Велес, во непосредна близина на надвозникот на реката Пчиња, од страна на непознато женско лице му била извршена тешка кражба на дрзок начин при што му бил одземен еден машки златен прстен, а сторителката се стекнала со противправна имотка корист од околу 30.000 денари.

„Оштетениот додека се движел го пресретнало возило од кое излегло непознато лице на возраст од 50 до 55 години и му понудило еден прстен на продажба со златна боја, кој пријавителот го купил за сума од 500 денари. Потоа, откако лицето се вратило во возилото, од истото излегло уште едно женско лице на возраст од 55 до 60 години и му понудило на продажба уште три прстени златна боја и една нараквица, на што пријавителот одбил да ги купи бидејќи немал пари. Жената го забележала неговиот прстен на десната рака и му рекла дека сака да го види, по што во еден момент му го извадила од неговиот прст и се вратила во возилото. Двете го напуштиле местото на настанот, притоа оставајќи му ги трите прстени со златна боја и нараквицата“, соопшти МВР.