16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Временска за викендов: Следува пресврт со времето, подгответе се за невреме

Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови, соопшти УХМР.

Поизразена нестабилност ќе има за време на деновите од викендот.

Времето утре претпладне ќе биде сончево, а попладне со локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи.

Ќе дува умерен, а во Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 7 до 15, а дневната од 22 до 29 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево, а попладне со умерена облачност и услови за краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од 13 до 28 степени.

Спонзорирано: