17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Британците го откриле бункерот на Тито: Ова е една од најголемите светски тајни вредна неверојатни 4 милијарди евра

Навидум традиционалната босанска куќа во близина на Коњиќ, всушност, е влезот на една од најголемите тајни на Студената војна – Титовиот нуклеарен бункер, вака почнува репортажата на Би-би-си за најголема инвестиција на поранешна Југославија.

Титовиот бункер скриени под планината Златар во близина на Коњиќ во централна Босна и Херцеговина беше чуван во тајност со децении, а сега е отворен за јавноста и претставува една од најневообичаените уметничка галерии во светот.

Во изградбата на бункерот се вложени 4,6 милијарди долари и се градел помеѓу 1952 и 1979 година, со главна цел да се заштитат тогашниот претседател Тито, неговата сопруга и 350 негови најблиски соработници во случај на нуклеарна катастрофа, од што тогаш стравувал целиот свет.

Бункерот бил чуван во тајност до 1992 година, кога е отворен за јавноста од страна на босанската армија.

Откако е отворен за јавноста, тој стана една од најпопуларните дестинации не само за туристите, туку пред сè за вљубениците во поновата историја на Студената војна, се наведува во репортажата на Би-би-си.