24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Претпладне сончево, попладне дожд и грмежи

Времето претпладнево ќе биде сончево, а попладне со локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а во Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат од 7 до 15 степени, а максималните 22 до 29 степени.

Во Скопје претпладне сончево, а попладне со умерена облачност и услови за краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува умерен југоисточен ветер.

Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови. Поизразена нестабилност ќе има за време на деновите од викендот.