24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Орбан: На мигрантите не треба да им се даде ниту цент

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјавил дека не го поддржува предлог-буџетот на ЕУ со кој се предвидува помалку пари за земјоделците, истражување и за регионален развој, а зголемување на средствата за земјите што ги прифаќаат мигрантите.

Орбан во интервју за унгарското Радио Кошут рекол дека очекува преговорите за буџетот на ЕУ да потраат и истакнал дека заедничкиот седумгодишен буџет мора да биде едногласно усвоен.

„Сè додека Унгарците не даваат зелено светло, нема да има буџет“, рекол Орбан.

Според него, на мигрантите не треба да им се даде ниту цент, а релевантна поддршка да обезбедат членките од сопствените буџети. Тој исто така најави и именување тројца заменик-премиери, од кои едниот е министерот за внатрешни работи, Шандор Пинтер, кој, како што рекол Орбан, ќе биде задолжен за нова централизирана канцеларија што ќе функционира и како единствена разузнавачка служба.