12.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

АД ЕЛЕМ продаде вишоци електрична енергија за 3,8 милиони евра

АД ЕЛЕМ во текот на вчерашниот ден продаде вишоци електрична енергија во количина од 88.320 мегават-часа по цена од 43,87 eвра за мегават-час. Вкупната заработка за компанијата е 3.874.598 евра. Од таму велат дека продадените вишоци се базна електрична енергија (0-24 ч) за периодот јуни, јули и август 2018 година.

„АД ЕЛЕМ понуди и 14.400 мегават-часа врвна енергија за која доби највисока цена од 44,05 евра за мегават-час. Со оглед на тоа што постигнатата цената беше под процените за исплатливост на производството на електрична енергија од наведениот тип, не беше извршена продажба на оваа количина“, соопшти компанијата.

Продажбата на електрична енергија што беше реализирана, влеат од таму, ќе овозможи зголемување на производството на АД ЕЛЕМ во обем на наведените количини, подобрување на финансиската состојба и зголемување на портфолиото на компанијата.

Спонзорирано: