20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Коѕијас: Ќе правев забава ако имавме напредок во преговорите

„Ако имаше напредок по другите тешки прашања во процесот на преговори, немаше да бидам овде на прес-конференција, туку ќе правев забава. Но, како и да е, планираме да правиме забава и ако успееме, тоа ќе биде најрадосен момент за мене“, изјави грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас,, по средбата со министерот Никола Димитров во Солун.

Тој рече дека има впечаток оти другата страна верува оти е дојдено крајно време прашањето да се реши и оти смета дека има извесен напредок во преговорите. Сега тие треба да го донесат нивниот компромис. Сметам дека тоа се луѓе со добра волја и оти може да демонстрираат политичко лидерство“, рече Коѕијас и додаде: „Сите созреавме преку преговорите, тоа не го мислиме само ние, туку и другата страна и се надевам никого нема да разочараме“.

Во врска со неговата изјава за иредентизмот по разговорите во Виена, појасни дека Димитров го прашал за иредентизмот во грчките учебници. „Зборувавме за учебниците во нашата прекрасна земја сосед кои содржат елементи на иредентизам. Димитров, исто како и мојот албански колега, ме праша дали треба да ги проучуваме и грчките учебници. Го признаваме правото да го направат истото со нашите учебници, не е страшно да ги прочитаат нашите учебници. Но, ние во нивните најдовме десетици страници, а тие кај нас 2-3 проблематични страници. Но, грчките медиуми пренесуваат изјави од политичари дадени во некој провинциски град, а мојата изјава не ја објавија“, рече Коѕијас.