3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Единствена Македонија: СДСМ има обврска да воведе една изборна единица и да распише предвремени избори

Единствена Македонија реагира на денешната изјава на Бетијан Китиев од СДСМ дека без изјаснување и согласност од ВМРО-ДПМНЕ не може да дојде до промена на изборниот модел во една изборна единица и до предвремени парламентарни избори.

„Го потсетуваме СДСМ дека во изборната кампања за парламентарните избори во декември 2016 Зоран Заев јасно и недвосмислено изјави дека кога ќе победат на изборите, веднаш ќе го променат изборниот модел и Македонија ќе биде една изборна единица.

Победата на изборите дојде. Меѓутоа, СДСМ сега калкулира и се затскрива зад ВМРО-ДПМНЕ иако има доволно мнозинство во Собранието да го смени изборниот модел и Македонија да стане една изборна единица.

Истовремено, СДСМ е во обврска да го прифати повикот на Единствена Македонија од 18 април годинава за распишување предвремени парламентарни избори, со цел да се соочиме со народот за историската иднина на Република Македонија – членство во НАТО и ЕУ или стратешки сојуз со Русија и членство во ЕЕУ.

Доколку СДСМ не воведе една изборна единица и не распише предвремени избори на кои народот ќе се изјасни за иднината на Македонија, може основано да се изведе аргументот дека Зоран Заев продолжува да влегува од лага во лага и да лаже на очиглед на македонската јавност, со што се потврдува дека лидерот на СДСМ постојано ја замајува јавноста“, велат од Единствена Македонија.

Спонзорирано: