14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев за Глигоров: Ќе го паметиме по неговото лидерство, искуство и мудри политики

Киро Глигоров е првиот претседател на самостојна и независна Република Македонија и личностa којa ги поврза двата столба на македонската државност. Тој е најзаслужен за создавањето на самостојна Македонија, единствена држава од сите поранешни републики на Југославија која по мирен пат и без војна прогласи независност. Претседателот Глигоров со мудрата надворешна политика ја отвори вратата на Македонија кон светот, модерните демократии и остави личен печат кон нејзината меѓународна афирмација, порача премиерот Зоран Заев по повод одбележувањето на 101-та година од раѓањето на Киро Глигоров.

Тој додава дека Глигоров ќе го паметиме по неговото лидерство, искуство и мудри политики во начинот на раководењето со државата во тешките и критични моменти во деведесеттите години. Ќе го паметиме како лидер и државник од кого научивме многу за независноста, самостојноста и зајакнувањето на суверенитетот на нашата држава.

„Токму поради неговите политики, денеска Македонија слободна, слободно живее! Претседателот Глигоров претставува инспирација за денешните идеи и политики за слободна и напредна Македонија. Тој велеше дека без оглед на вера, националност и традиции, граѓаните треба да бидат еднакви во сите права и обврски. Затоа, денеска чекориме по неговата визија и мудрост за успешна и просперитетна Македонија. Македонија едно општество за сите, со економски просперитет, интеграција кон ЕУ и НАТО, со институции во служба на граѓаните и демократски реформи. На одбележувањето на 101-та година од раѓањето на Киро Глигоров ја испраќаме пораката дека ќе се водиме по овие столбови кои значат сигурност за нашата држава, затоа што Македонија е сѐ што имаме!“, вели Заев.