20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Цените на храната остануваат стабилни во април

Индексот на ФАО за цените на храната се задржа стабилен во април, со просек од 173,5 поени за месецот, за степен повисок од тој во март и за 2,7 проценти повисок во однос на истиот месец 2017 година. Цените на житариците и млечните производи го продолжија нивниот неодамнешен тренд на пораст, додека оние на шеќерот продолжија да опаѓаат. ФАО, исто така, ги објави своите првични предвидувања за сезоната 2018/19, предвидувајќи пад на глобалното производство на житни култури и резерви, од кои и двете бележеа рекордни нивоа.

Раните предвидувања за глобалните пазари на житни култури во годината што следи се поволни, и покрај прогнозираниот пад, според новиот извештај на ФАО за Понуда и побарувачка на житарици, објавен денеска. Глобалното производство на житни култури во 2018 година се очекува да падне на 2 607 милиони тони, околу 1,6 отсто помалку од рекордната жетва во 2017 година.

Падот најмногу се должи на очекуваниот пад во производството на пченка, особено во САД. Намаленото производство на пченица во најголем дел е поврзано со очекуваниот пад во Руската Федерација по исклучително високите количини произведени претходната година. Во меѓувреме, ФАО дава приближни предвидувања дека светското производство на ориз ќе се зголеми за 1,3 отсто и ќе достигне 510,6 милиони тони, поставувајќи нов рекорд, првенствено поради зголеменото одгледување во Азија.

Што се однесува до употребата на житарици, новата прогноза на ФАО – и за храна и за добиточна храна – исто така укажува на највисоко ниво од 2 626 милиони тони. Тоа се одразува на проектираното зголемување на искористувањето на оризот во светски рамки за 1.0 проценти, зголемување на глобалното искористување на пченицата од 0,8 проценти и зголемување на вкупната искористеност на сурови зрна за 0,4 проценти, од кои искористувањето на пченката за добиточна храна се очекува да се зголеми за 2,8 проценти, на нови 615 милиони тони. Најголемото годишно зголемување на употребата на пченка за добиточна храна е предвидено во Кина и Јужна Америка.

Како резултат на тоа, ФАО очекува светските резерви на житни култури кон крајот на сезоната во 2019 година да паднат за 2,7 отсто, додека пак соодносот помеѓу светските резерви и вкупното производство на житни култури и нивната вкупна искористеност да се намали на 27,2 отсто, што е помалку од 16-годишното високо ниво од 28,8 отсто во 2017/18, но многу над историскиот минимум од 20,4 проценти регистриран во 2007/08 година. Првичната прогноза на ФАО за меѓународната трговија со житни култури во годината што следи е фиксирана на 406 милиони тони, што значи само 0,6 отсто пад од највисоката очекувана за тековната сезона.

Индексот на ФАО за цените на житни култури се зголеми за 1,7 отсто во април, што е четврти последователен месечен пораст, и сега е 15,4 отсто над неговата вредност пред една година. Цените на пченицата беа под влијание на климатските ризици во САД, додека намаленото производство предизвикано од суши во Аргентина и пониските количини насади во САД ги зголемија меѓународните цени за пченка. Цените на оризот исто така се зголемија. Индексот на ФАО за цените на млечните производи се зголеми за 3,4 проценти од март, како одраз на силната побарувачка за сите производи од млеко, како и загриженоста за можностите за извоз во Нов Зеланд.

Индексот на ФАО за цените на храната е мерка за месечната промена на меѓународните цени на потрошувачката кошница. Пад беше забележан во април на три други под-индекси. Индексот на ФАО за цени на растително масло е намален за 1,4 проценти од март, додека индексот на ФАО за цените на месото е намален за 0,9 проценти.

Индексот на ФАО за цените на шеќерот падна за 4,8 отсто во април од претходниот месец, продолжувајќи со намалувањето што започна во декември минатата година, а во просек е за 24 отсто понизок од април 2017 година. Пониските цени се одраз на вишокот понуда како резултат на рекордото производство во Тајланд и во Индија, вториот најголем светски производител на шеќер, како и девалвацијата на валутата на Бразил, најголемиот светски производител.