16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Квалитетно образование уште од рана возраст клучно за здрав развој на децата

Во пресрет на утрешната Меѓународна конференција за ран детски развој, денеска претставници на Светска банка предводени од Хаиме Сааведра-сениор директор на глобалната пракса за образование, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ беа во посета на градинката „13 Ноември“ за да се запознаат какви се условите, како работи и кои се потребите за подобро сместување и воспитување на децата.

Квалитетно образование од рана возраст е клучно за нивниот развој и затоа, како што посочи министерката Царовска мора да се менува мислењето дека градинките се место само за згрижување. Градинките имаат многу значајна улога и во нивното воспитување и затоа е неопходно зголемување на капацитетите и подобрување на квалитетот на целиот процес.

Градинката „ 13 Ноември“ е една од најдобрите, но уште повеќе треба напори и средства за подобрување на условите и капацитетите, рече директорката на градинката, Лидија Пецева.

За унапредување на работењето неопходна е и доедукација и стручен кадар. Како позитивен пример беше посочен потпишаниот меморандум на општина Центар со Асоцијацијата на дадилки.

„Во општина Центар поради условите кои ги обезбедуваме имаме голем интерес за запишување деца во градинките, затоа е неопходно проширување и изградба на нови капацитети за да немаме по 30 до 40 деца во група. Нова градинка ќе се гради наредната година. Наша цел е квалитет, економска исплатливост со реконструкција, воведување на енергетска ефикасност при градењето и се со цел децата да престојуваат и да се воспитуваат во стандарди по европски терк“, рече градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ.

Спонзорирано: