11.8 C
Скопје
24. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Васко Кичевски е новиот директор на ПОЦ

Васко Кичевски е новиот директор на јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“ – Скопје.

Градоначалникот на oпштина Центар, Саша Богдановиќ, на денешната средба го именуваше Васко Кичевски за директор на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ – Скопје, кој доаѓа на оваа позиција на местото на досегашниот в.д. директор Вангел Андрески.

Васко Кичевски е роден на 21.11.1985 година во Скопје, Центар, Република Македонија. Основното и средното образование ги завршува во Скопје. Дипломира на Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, насока индустриско инженерство и менаџмент. Учествува на многубројни интернационални натпревари за менаџмент и инженерски вештини и освојува четврто место за најдобар бизнис-план на натпревар со над 300 натпреварувачи, организиран од фондацијата ПСМ YES, а под покровителство на SINTEF.

Во својата кариера Кичевски беше маркетинг-менаџер во „Ајурведа“ ДООЕЛ Скопје, поранешен главен извршен директор на КК „Работнички“ АД Скопје, а до неодамна и советник во Советот на Општина Центар.