Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Циклон доаѓа накај Македонија: Подгответе се за голема промена на времето

По сончевиот Први Мај, доаѓа влажен бран кон Македонија.

Од денеска полека воздушниот притисок ќе започне да опаѓа и тоа поради влијанието на новиот циклон.

Денеска ќе се задржи сончево со мала до умерена облачност, попладне со изолирана појава на краткотрајна нестабилост особено на југоистокот, а ќе дува и слаб до умерен југоисточен ветер.

Во четврток во планинските предели особено на запад ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, а ветерот повремено ќе засилува.

Потоа ќе продолжи период на променливо облачно и нестабилно време во кој претежно во попладневните часови ќе има повремени врнежи од дожд, понекаде поројни и проследени со грмежи.

Повеќе врнежи се очекуваат во четврток и сабота, особено во западните делови.

Спонзорирано: