16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Судовите ќе се регулираат со нова законска регулатива

Судовите ќе се регулираат со нова законска регулатива. Измените што денеска беа изгласани во Собранието предвидуваат судиите да може да одговараат дисциплински доколку без оправдана причина не ги закажуваат рочиштата по предметите или ја одложуваат постапката. Законски измени има и во делот на разрешувањето, односно ако Судскиот совет утврди неприменување на одредбите за распределба на судските предмети, судијата може да биде разрешен.

На седницата беше усвоен и амандманот на ВМРО-ДПМНЕ, односно од законот е избришан членот според кој министерот за правда и претседателот на Врховниот суд како членови на Советот учествуваат во работата на Судскиот совет без право на глас.

Овој закон е дел од реформскиот пакет.

Спонзорирано: