10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп: Америка веќе нема да се однесува како светски полицаец

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД веќе нема да се однесуваат како светски полицаец, ниту пак ќе трошат многу пари за такви цели.

„Се помалку сакаме да бидеме светски полицаец. Со децении трошевме огромни пари за поддршка на редот во светот, но тоа не треба да биде наш приоритет. Ние сакаме да воспоставиме ред кај нас и да ја обновиме нашата земја“, изјави Трамп на прес-конференција со претседателот на Нигерија, Мохамед Бухари.

Американскиот претседател ја смета за недопустлива ситуацијата со иранската нуклеарна програма, но тој не кажа дали Вашингтон ќе излезе од заедничкиот сеопфатен план. Додаде дека повлекувањето на САД од нуклеарниот договор со Иран ќе биде позитивен сигнал за Северна Кореја.

Според неговите зборови, средбата со лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, би можела да се одржи во демилитаризирана зона или во Сингапур.

На прашањето дали состанокот навистина ќе се одржи, Трамп одговори: „Мислам дека да“.