11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Премиерот на Израел самостојно ќе може да прогласи почеток на војна

Израелскиот парламент изгласа закон кој им овозможува на премиерот и на министерот за одбрана да одлучат да одат во војна без притоа да се свика владина седница.

Овој закон добил поддршка од 62 пратеника, а 41 биле против. Истиот ќе овозможи потесен состав на владата, задолжен за безбедноста, да одлучува за воена операција без да се консултира со останатите министри.

Во екстремни услови, премиерот и министерот за одбрана можат самите да одлучат за таква операција.

Предлогот беше доставен од страна на министерката за правда, Ајелет Шакед, како амандман на основниот закон, кој претходно дозволуваше само владата да означи почеток на воена операција.

Потесниот состав на израелската влада се состои од 11 министри, а инаку вкупно има 22 министри.