11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Преговори меѓу Албанија и Грција за границата во Јонското море    

Албанија и Грција повторно ги почнуваат преговорите за повлекување на поморските граници во Јонското Море.

Албанското Министерство за надворешни работи објави дека првиот круг преговори се одржал во Тирана во конструктивна и кооперативна клима.

Светските агенции информираат дека преговорите се неопходни бидејќи Уставниот суд на Албанија го поништил договорот од 2009 година, кој беше потпишан од страна на конзервативната влада на Демократската партија.

Социјалистите, кои тогаш беа во опозиција во Албанија, го оспорија договорот на суд, тврдејќи дека ќе ја чини земјата загуба на 225 квадратни километри територијални води.