10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Денеска сончев и прекрасен првомајски ден, но од четврток следува вистински пресврт

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од управата за хидрометеоролошки работи.

Оттаму додаваат дека попладне во планинските предели ќе има краткотраен слаб дожд. Ќе дува и слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од шест до 13, а дневната од 21 до 31 степен Целзиусов.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 29 степени.

Во наредните два дена времето ќе биде стабилно и топло, само во планинските предели ќе има услови за краткотраен дожд.

Утре ќе дува умерен, а во четврток и засилен југоисточен ветер. Од четврток следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни проследени со грмежи.

Повеќе врнежи се очекуваат во четврток и во сабота, особено во западните делови од државата.