17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

(Видео) Урнат светскиот рекорд: Бразилец сурфал на бран висок над 24 метри

Бразилскиот сурфер Родриго Кока го собори светскиот рекорд според големината на бранот на кој сурфал во централна Португалија, соопшти Светската лига на сурфери, инаку организатор на натпреварувањето на кое бил поставен рекордот.

Според веб-страницата на градскиот совет на Назаре, 38-годишниот Бразилец од Сао Пауло постигнал нов светски рекорд со сурфање на водно чудовиште високо околу 80 стапки или 24,38 метри. Инаку, рекордот бил соборен на натпреварот одржан на 7 ноември 2017 година.

Кока, кој го ризикувал животот за да сурфа на водното чудовиште, рече дека освојувањето на наградата е најдобриот ден во неговиот живот.