17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

17 повредени во сообраќајки низ Скопје – МВР соопшти детали

Во текот на изминатите денови (27/28 и 29.04.), на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 32 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, 17 со телесни повреди и 14 со материјална штета.

При сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и 22 со лесни телесни повреди.

Потоа 65 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Шест возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло.

Од сообраќај се исклучени и 95 возачи: 45 го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, десетмина биле возачи почетници и 40 – заради тоа што возеле под дејство на алкохол. Исто така, од сообраќај се исклучени и 46 возила, 42 биле нерегистрирани, едно технички неисправно и три возила заради претовареност.

Санкционирани се и двајца пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 249 мандатни платни налози, додека исто така 123 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.

Спонзорирано: